ОЈО вели нема недоверба кон Институтот за судска медицина

Доказите водат до различни теории за смртта на момчето во Ново Село, трет месец се прават вештачења

„На 7 јуни годинава во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш“, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Според првичните информации, се работи за убиство“ Вакви беа информациите по настанот со починатото момче во Ново Село. Од Обвинителството за овој настан беа побрани две обдукции кои покажаа исти наоди. Но, детали за причините за смртта нема, бидејќи трет месец траат вештачењата од трагите земени од лице место. 

„Обвинителството во ниту еден момент од постапката не се изјаснило дека станува збор за убиство. По настанот беше извршен увид на лице место, при што беше констатирано дека првичните траги упатуваат дека станува збор за насилна смрт. По наредба на јавен обвинител беше извршена обдукција на телото на починатиот, но со оглед на тоа што постоеја и други докази кои упатуваа на повеќе различни теории на случај, надлежниот јавен обвинител одлучи да издаде наредба за тимска реобдукција на телото на починатиот. Јавното обвинителство има обврска да ги испита сите можни верзии на настанот до целосно утврдување на фактите и околностите. Непосредно по настанот беа прибрани и други траги од лице место, како и други докази кои се уште се вештачат по наредба на јавниот обвинител“, ни одговорија од Обвинителството за овој случај.

Тоа што беа правени две обдукции, за Обвинителството воопшто не претставува недоверба кон Институтот за судска медицина, туку обврска да се испитаат сите можни верзии на настанот. 

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице.Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители", соопштија од Обвинителството по настанот.

Вештачењето на овие траги уште е во тек. Во меѓувреме Институтот за судска медицина реагираше со образложение за наредбата за реобдукција врз телото на починатото момче. 

Во реакцијата беше кажано  дека обдукцијата врз телото на момчето е направена по највисоки светски стандарди, а се упатува критики до ОЈО и оние кој го прегледале телото. За нив беше кажано дека немаат елементарни познавања од судска медицина, иако се работи за познавања кој треба да ги има секој обвинител за да може да работи на случаи од ваков тип и познавања кој треба да ги има секој лекар за да може да изврши преглед на мртво тело, како и дека Обвинителството нема доверба во Институтот за судска медицина.

„При увидот кај почнатиот беа констатирани повеќе повреди кои првично упатуваат на насилна смрт. Бидејќи не можеше со сигурност да се утврди точната причина за смртта, јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот. Со оглед на тоа што обдуцентите и по неколку дена не можат да се произнесат за причините поради кои настапила смртта, издадена е наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото на почнатиот. Резултатите од овој вешт наод уште не се пристигнати во Обвинителството", стоеше во одговорот што редакцијата на МКД.мк го доби од Обвинителството на 14 јуни. 

Но, наспроти ова обдуцентите велат дека сите анализи се на време изготвени и предадени во Обвинителството, како и тоа дека наодите од двете обдукции кои се правени од два различни тима, се идентични. 

За овој случај очекуваме Обвинителството наскоро да излезе со поконкретни детали околу тоа дали е убиство или, станува збор за насилна смрт, но од други причини. 

 К.Д.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе