До Судскиот совет поднесени околу 107 барања за утврдување на одговорност на судии

До Судскиот совет на Македонија во текот на 2020 година се поднесени околу 107 барања за утврдување на одговорност за судии.

„Некои барања се однесуваат на двајца-тројца судии, а некои на поединечни судии. Во нив нема член на Судскиот совет, рече претседателот на Судски совет Киро Здравев“, одговарајќи на новинарско прашање по денешната седница на Советот.

За случајот со 1 500 предмети чувани во фиока, Здравев посочи дека се поднесени барања за утврдување на одговорност против двајца судии и дека се формирани комисии, определен е известител и постапката е во тек.

Одговарајќи на новинарско прашање, Здравев рече дека предметите не ги делат по тоа дали имаат политичка конотација или не.

„Според Законот за судски совет, Судскиот совет има постојана обврска да го следи работењето на судовите, судиите и на претседателите на судовите. Ние воопшто не навлегуваме дали некој судски предмет има политички димензии или не“, рече Здравев.

Тој истакна дека може да поднесе барање за утврдување на одговорност на судија поради потешка дисциплинска повреда и поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и доколку се констатира потешка дисциплинска повреда или пак нестручно и несовесно вршење на судиската функција тоа повлекува разрешување на судија.

Меѓутоа, како што рече Здравев, постојат дисциплински повреди коишто се од поблаг карактер, за коишто е предвидено согласно Законот за судски совет, на судија да му се изрече парична казна, писмена опомена или јавен укор.

Првиот човек на Судски совет потенцира дека обврска на судијата е да го применува законот и врз основа на изведените докази и утврдените факти да констатира дали има кривично дело или не, а доколку има да го огласи за виновен и да му изрече соодветна санкција.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе