Судот пресече

До правосилноста на пресудата, притвор за сите 16 обвинети за „27 април“ кои добија 211 години затвор

Судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска го прифати барањето на oбвинителството за обезбедување притвор на обвинетите за настаните од 27 април во Собранието 2017 година кои денеска добија вкупно 211 години затвор.

Обвинетите, со исклучок на неколкумина, претходно побараа да бидат ослободени од притвор до правосилноста на пресудата.

Шеснаесет од седумнаесетте обвинети денеска беа осудени на казни затвор во висина од 7 до 15 години, додека ослободен од обвинение е Игор Дурловски.

Во изјава за медиумите обвинителката Ивана Трајковска истакна дека правдата е задоволена во однос на денешната пресуда и посочи дека откако обвинителството ќе ја добие пресудата на писмено ќе донесе одлука дали ќе поднесува жалба за пресудите.

Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Никола Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години.

Сите се осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Собранието и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе