Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесе неотповиклива оставка од функцијата генералниот секретар на Владата, која премиерот Димитар Ковачевски ја прифати.
Во меѓувреме судија на претходна постапка од Кривичниот суд издаде наредба до надлежната полициска станица Зекири да биде спроведен.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти утрово дека е отворена истрага за Мухамед Зекири кој се сомничи дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил буџетот за речиси 150 илјади евра.
Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предистражните дејствијва за проневера против Зекири и уште двајца хрватски државјани се покренати во втората половина на минатата година.