ДКСК разгледува три предмети за Рашковски - Инвока, Леонардо и имотната состојба

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) следната недела ќе ги разгледува актуелните случаи Двојник за фалсификуваните патни пасоши, Инвока за полицискиот сообраќаен софтвер, како и случајот Леонардо, односно набавката во МАНАВ и имотната состојба на Драги Рашковски, информираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска синоќа на ТВ Алфа.

 

За случајот Леонардо односно набавката во МАНАВ, се очекува најверојатно следниот месец, можеби и порано да биде донесена и одлуката. Следната недела, најави таа, Рашковски ќе биде повикан на интервју за Леонардо, како и високи претставници од Управниот одбор на МАНАВ.

„Поради ненавремено повлекување на траншите од кредитот државата плаќа високи камати, тоа е поразително и тоа не е случај само со МАНАВ. Не се води сметка, недомаќински се трошат средствата“, изјави Ивановска.

ДКСК ја проверува и имотната состојба на Драги Рашковски, кој е вмешан и во случајот Инвока.

За актуелниот случај Двојник, ДКСК ќе ги разгледува сите информации што ги има, по што ќе одлучи како ќе постапува, најави Ивановска и додаде дека најверојатно имало слаби точки во системот што довеле до таква ситуација.

Прашана дали директно ќе се „чешлаат“ посочените од опозицијата премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски, Ивановска рече дека ќе се разгледаат сите информации и ќе се дефинираат чекорите по кои ќе се работи тој предмет. „Ако треба да“, рече таа.

Ивановска информира дека пред два дена ги добиле и информациите од МВР, Владата, Индустриска сопственост во врска со предметот Инвока.

„Во други држави доволно е само сомнеж да падне, меѓутоа кај нас и кога се докажува некако тешко оди да се повлечат, иако во етичкиот кодекс на Владата, кога го донесе стои дека треба да се отстранат сите ситуации и сомнежи од судир на интереси, корупции… Треба повеќе да се води сметка“, порача Ивановска.

Таа нагласи дека имале повеќе разговори со странски амбасадори, кои биле заинтересирани и се во тек со она што го работи ДКСК. Според неа, тие даваат јасни пораки, со дипломатски јазик можеби, но треба да се препознае и да се примени.

Ивановска порача дека политиката треба да се тргне не само од правосудниот систем, туку од сите системи, настрана од професионалноста, ако сакаме резултати.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе