Нова пријава

ДКСК ја проверува биографијата и вработувањето на сестрата на Катица Јанева во КХВ

Уште пет дена има Комисијата за хартии од вредност да ги достави до Државната комисија за спречување на корупцијата сите информации за вработувањето на Лиле Делиџакова, сестра на Катица Јанева. Делиџакова лани на 14 јуни на изненадување на сите стана потпретседателка на Комисијата за хартии од вредност. ДКСК минатиот месец доби пријава во која се вели дека Делиџакова нема соодветно образование, а официјално, во Комисијата за хартии од вредност била примена со завршен Економски факултет.

Од ДКСК за МКД.мк велат дека испратиле барање до Комисијата за хартии од вредност и дека од таму чекаат документација за вработувањето на Делиџакова. Ова барање е испратено на почетокот на декември, а од таму имаат 15 дена рок за да ја достават целата документација.

По ова, ДКСК ќе треба да ја разгледа документација и ако не е потребно ништо дополнително, ќе биде донесена одлука во врска со оваа претставка.
Сестрата на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, на предлог на Владата стана заменик претседател на независното регулаторно тело Комисија за хартии од вредност.

Владата тогаш предлогот за Делиџакова го образложи со нејзиното професионално искуство. „Дипломиран економист – 20 годишно искуство во работење со финансии, банкарство и општо економски менаџмент".

Во Гевгелија Делиџакова беше позната како сопственичка на фризерски салон, а потоа неколку години и како службеник во царината и фармацевтската компанија „Реплек".

Предлогот на Владата за Делиџакова во Собранието помина без проблем, откако претходно за претседателка на КХВ беше избрана Нора Алити, кандидатка на ДУИ.

За време на расправата во Собранието за изборот на сестрата на Јанева, Невена Стаменкова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Делиџакова не е стручна и компетентна во областа, не ги исполнила критериумите за конкурс и двапати била суспендирана од работа. „Делиџакова воопшто не аплицирала на отворен јавен конкурс кој завршил на 16 февруари 2018, а нотарската заверка е два месеца по истекот на рокот", рече Стаменкова.

Алити и Делиџакова се професионално ангажирани во КХВ, со мандат од 5 години и плата од околу 1.500 евра.

Откако Јанева стана специјална обвинителка, во СЈО веднаш беше вработен и нејзиниот внук, синот на Лиле Делиџакова, Ѓорге Делиџаков. Тој од 2016 година на име додадок во СЈО примил околу 25.000 евра.

За него, а и за останатите кои зеле хонорари од СЈО, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води постапка и доколку се утврди дека има индиции за сторено кривично дело, ќе биде отворена и истрага.

За сега се испитуваат само вработувањата и ангажманите, како и сумата на парите која им била исплаќана на оние кои се најдоа на список на „Отворени финансии".

А.Д.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе