Државната комисија за спречување корупција

ДКСК иницира кривична постапка против Мерко за набавка на луксузно возило

ДКСК оформила предмет за Мерко и набавката на луксузниот автомобил ауди А6 во Општина Струга.

Државната комисија за спречување корупција денеска иницираше поведување постапка за кривично гонење пред надлежното Јавно обвинителство за градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, поради извршување на функцијата спротивно на начелата на законитост и интегритет и на јавниот интерес и интересот на општината, потврдено се наводите на извршената ревизија.

Имено, ДКСК оформила предмет за Мерко и набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“ во Општина Струга.

„Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко ја злоупотребил својата положба при набавка на четири автомобили во вкупна вредност на набавката од 114.000 евра, меѓу кои и луксузниот автомобил марка ауди А6 со вкупна вредност на набавката од 66.700 евра, кој го користи градоначалникот, и тоа во време кога Општина Струга е со ненамирен долг од околу четири милиони евра“, истакнаа од Комисијата.

Тие посочија дека градоначалникот во неговото писмено изјаснување ги отфрла изнесените наводи.

„Градоначалникот во своето писмено изјаснување ги отфрлува наводите со образложение за дотраен возен парк на возила на Општина Струга кој, според него, пред објавување на јавниот оглас за набавка на возила го сочинувале стари возила и тоа еден мерцедес Е-класа од 2006 година, две шкоди фабија од 2010 година, едно комби фиат од 2010, едно ауди А6 од 2011 година со блокиран мотор и една шкода октавија од 2010 година“, наведоа од ДКСК.

Од Комисијата посочија дека тој во своето изјаснување навел дека се воздржал од патувања на многу важни состаноци и средби со образложение „од други причини“ бидејќи му било срам да ја каже вистината дека нема возило за патување со повисоки перформанси, кои гарантираат сигурност и безбедност при патувањето на градоначалникот на Општината.

„Според него, наводите изнесени во медиумите биле злонамерни, тенденциозни со се единствена цел да се отфрли ликот и делото на градоначалникот и да се оттргне вниманието од поважните теми во тоа време“, ја информирале ДКСК од Општината.

ДКСК наведува дека Општина Струга функционира со блокирана сметка од 17 февруари 2010 година и оти набавката на нови возила доаѓа во период кога Општина Струга има други проблеми за решавање, набавка на нови камиони за противпожарна служба, комплетно решавање на проблемот со депонијата и водата за пиење.

Исто така, од ДКСК побараа да се достави претставка, до Судскиот совет од за преиспитување на донесените решение од Основниот суд во Струга по барање за зголемување на минимумот средства за извршување на основната дејност од страна на должникот Општина Струга, бидејќи, како што образложија, донесена е одлука од ист судија еднаш за одбивање на барањата од 2016 година, а другата за усвојување на барањето во 2017 година, кои се темелат на истите образложени причини на должникот Општина Струга, но од различни градоначалници. Што, според нив, претставува навод за политичко влијание врз работата на судиите.

Мерко во изјава за МИА посочи дека целата процедура за набавката на возилото е регуларна.

„Право на секого е да покренува што сака. Од целата работа се направи мешаница. Ние планираме да правиме и нови набавки за потребите на Општината, а сега некој ќе зборува за минатото“, нагласи Мерко. 

ДКСК утврдила неправилности и во одлуката договорот за јавна набавка по итна постапка да ѝ се додели на АД Печатница „Киро Дандаро“ од Битола.

Според ДКСК, ДИК можела да преземе активности со цел навремено да се испланира и спроведе редовна постапка за јавна набавка.

„Доколку се земе предвид дека со буџетот на Република Македонија и неговите измени и дополнувања биле планирани средства за спроведување на изборните активности, како и фактот дека ДИК донела интерни акти за распоредување на одобрените средства и планирање на набавките останува нејасно од кои причини извршена е измена на Годишниот план за јавни набавки на 8 ноември 2016 и зошто не се преземале активности со цел навремено да се испланира и спроведе редовна постапка за јавна набавка со која би се обезбедила поголема транспарентност, уште повеќе што набавката се врши за потребите на предвремени парламентарни избори чии распишувања и спроведувања се планира подолг временски период, а проценетата вредност на договорот е значително висока“, смета ДКСК.

ДИК образложила дека се одлучиле за оваа постапка како единствен избор со оглед на тоа што претседателот на Собранието од 18 октомври 2016 распишал предвремени парламентарни избори за 11 декември 2016. Набавката, како и средствата потребни за истата се предвиделе во Годишниот план за јавни набавки, кој е изгласан на 8 ноември 2016 година, поради што активностите околу јавните набавки требало да бидат реализирани во најкус рок.

Како што образложи ДКСК, Комисијата за јавни набавки доставила покани за преговарање до АД Печатница „Киро Дандаро“ Битола и Печатница „Европа 92“ ДООЕЛ Кочани, но во прилог на предметот не се доставени Образец на правична понуда изјава со која понудувачот потврдува дека понудата ја поднел независно, образец на конечна понуда и изјава дека понудувачот не е во можност и понатаму да подобрува, изменува и надополнува своја понуда.

„Во правното лице Печатница Европа 92 ДООЕЛ Кочани како сопственик фигурира Ратко Димитровски, а во правното лице АД Печатница „Киро Дандаро" Битола истото лице фигурира како неизвршен член на одбор на директори, што наведува на тоа дека овие две правни лица се капитално и сопственички поврзани“, подвлече ДКСК.

Имено, според пријавата, ДИК на 18 ноември 2016 година донела одлука за спроведување на постапка за набавка на изработка и печатење доверлив изборен материјал за предвремените парламентарни избори во 2016 година. Набавката била спроведена без претходно објавување на оглас, а по спроведената постапка ДИК на 25 ноември 2016 година доделила договор за јавна набавка во вредност од 24 милиони денари без ДДВ на економскиот оператор АД Печатница „Киро Дандаро“ Битола, чија понуда била избрана за најповолна.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе