Во 2020 проверка и на имотната состојба

ДКСК го смета правосудството како столб со висок ризик од коруптивни влијанија

Судиите и јавните обвинители ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Во Годишниот план на ДКСК за наредната година пишува дека ќе се следи имотната состојба и судир на интереси и на вработените во правосудството како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија. Носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат  дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.

Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе  врз основа на законските надлежности а согласно расположливите човечки и  материјално – технички капацитети на Државната комисија.

Законските надлежности на Државната комисија во делот на  следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.

Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на  избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.

Испитувањето на имотната состојба е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување  потребно е зајакнување на постојните човечки и  материјално – технички услови и  вклучување на други истражни органи.

Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на премиерот за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна  координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Македонија, се вели во соопштението на Државната комисија за спрелување на корупцијата.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе