Закажана јавна седница за жалбите

Диво Насеље за една недела пак во судница, овој пат во Апелацискиот суд

На 16 и 17 мај, 2019 година неправосилно осудените од Диво Насеље  повторно ќе влезат во судница, Но, овој пат на јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје. Овие два датуми судиите од второстепениот суд ги одредија како денови во кои лицата осудени за терористичките напади во Куманово, ќе можат да ги образложат жалбите пред овој суд. 

Денес се навршуваат точно 4 години од терористичките напади во Куманово во кои загинаа 8 припадници на МВР. Пресудата за овој случај не е правосилна.

За денеска на плоштадот „Скендербег" во Скопје закажан е протест под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците".

Обемноста на предметот за случајот го забави закажувањето на јавната седница по жалбите на првостепената пресуда поднесени од неправосилно осудените за тероризам и терористичка организација.

По одржувањето на јавната седница судиите од Апелацискиот суд во Скопје ќе треба во најкус можен рок да одлучат дали ќе ги потврдат одлуките на првостепениот суд, дали ќе ги преиначат или ќе ги укинат и предметот ќе го вратат на повторена постапка.

Право да зборуваат на седницата освен адвокатите имаат и обвинетите во постапка од кои дел се наоѓаат во Истражниот затвор во Шутка, а дел се во затворот во Идризово.

Основниот суд Скопје 1 на 2-ри ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

Од вкупно 37 обвинети тогаш во судница пресудата ја слушнаа само четворица.

Другите обвинети одлучија да го бојкотираат судењето и да излезат од судницата.

Образложението на судијката Верка Петковска по изрекувањето на пресудата беше дека доказите што ги понуди обвинителството покажале дека обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација, дека доказите јасно ги утврдуваат приликите поради кои обвинетите дошле во Македонија, начинот на кој тие влегле во земјава, како се засолниле и како во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршија терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

 К.Д.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе