За злоупотребата на 320.000 евра пари од европските фондови

Димова се пожалила на влошено здравје, судењето против неа е одложено за следната година

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова е одложено за 2 февруари, следната година откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје. Димова е обвинета дека како директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со уште две лица злоупотребила 320.000 евра пари од европски фондови. 

Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба.

Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште.

Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" и „измама" на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама", исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата".

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе