Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ создава дупки во законите и тука им е скриената амнестија

Подобро е да не носиме закон отколку да донесеме лош закон, а уште пострашно, полош од сегашниот, вели во интервју во емисијата „Стадион" на Радио Канал 77, министерката за правда Рената Дескоска.

„ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО, создава отпор за решение со кое домашното законодавство би се приближило до европското. Не сакаше да се спомене С од СЈО. Бевме принудени да извадиме верзија што имплементираше добар дел од нивните барања, сега тие одговорија со ретерирање. Тоа беше една игра со цел да дојде 15 септември очекувајќи дека специјалната јавна обвинителка ќе го изгуби мандатот и СЈО ќе биде замрзнато и со него и случаите и дека тоа ќе трае една година“, вели Дескоска.

 Според министерката опозицијата дава предлози за да создава дупки во законите и тука им е скриената амнестија, а клучната разлика е во надлежностите на организиран криминал и обвинителството за висока корупција.

„Кај нив недостасуваат изборни нерегуларности како надлежност на организиран криминал. Тоа е многу битен криминал кој не може да го оставите на другите обвинителства, туку треба екипирано обвинителство со сите капацитети, со одреден тип на самостојност да може да одлучува и да гони вакви дела. Понатаму, злоупотреба на ИПА фондови беше извадено од нивниот предлог како надлежност на организиран криминал и одредени други дела кои ние сметаме дека се тешки и значајни дела и треба да бидат гонети или од обвинителство за гонење на организиран криминал или висока корупција“, посочува  Дескоска.

Министерката за правда одговара и на прашањата зошто и највисока плата од пет илјади евра за обвинителите и судиите не е  доволна за да спречи корупција, зошто не ѝ верува на науката и професорите Гордан Калајџиев и неговиот колега, нејзин сопруг Тони Дескоски, кои се спротивставуваат на начинот на кој се предадени предметите на СЈО, разрешувањето на Катица Јанева и укинувањето на специјалното обвинителство, за дружбата со Боки 13, за новата амнестија за која народот се сомнева дека се случува договорно, Академијата за судии и обвинители, Антонио Милошоски...

За Изборниот законик и иницијативите за промена на изборниот модел според Дескоска СДСМ смета дека треба да има една изборна единица во државата со отворени листи, од ВМРО-ДПМНЕ дојде предлогот за мнозински модел, а ДУИ бара повеќе изборни единици.

„Тоа веќе се непомирливи разлики за да може да се направи заедничко решение и најоптимална варијанта или најреална во ваква констелација е задржувањето на овој изборен модел со евентуални мали корекции. Јас лично мислам дека од наредните локални избори треба да почнеме со отворени листи  на кои граѓаните ќе може да гласаат за личности и кандидати од листи на различни партии и на тој начин да изберат квалитетен локален совет, без разлика на партиската припадност“, рече министерката за правда Дескоска во интервјуто за Канал77.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе