Дескоска разговарала со Селим Селими за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Министерката за правда Рената Дескоска денеска преку видео конференциска врска разговораше со новиот косовски министер за правда Селим Селими, честитајќи му го назначувањето на функцијата.

За време на разговорот, како што соопшти Министерството за правда, било отворено и прашањето за екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм" Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, при што министерката Дескоска истакнала дека очекува позитивен одговор од косовските власти на нашето барање за екстрадиција.

Дескоска, се наведува во соопштението, потенцирала дека искрено посакува европеизација на регионот и оти Министерството за правда на Република Северна Македонија е подготвено да ги сподели искуствата и да помогне во отворањето на преговорите.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе