За документите најдени во домот на Ременски

Дескоска: Класифицираните документи се во надлежност на МВР, а не на Министерството за правда

Пронајдените класифицирани документи во домот на пратеничката Фросина Ременски, за кои пишуваше МКД.мк не се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а не на Министерството за правда, рече денеска министерката за правда, Рената Дескоска.

„Класифицираните информации или документи не се во делот на Министерството за правда. Тоа е материја што ја уредува Министерството за внатрешни работи, така што утре ќе продолжат министрите за внатрешни работи и тоа прашање ќе можете да го поставите“, рече Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање

на Министерскиот форум – ЕУ Западен Балкан за правда и внатрешни работи.

 

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе