Дескоска го впери прстот во судовите: Одговорноста за бегството на Спасов да се бара кај нив

Одговорноста за тоа каде е Игор Спасов треба да ја бараме кај оние кои се предмет на денешната прес-конференција, тоа се судовите, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Таа на прес-конференцијата која беше посветена на денешиот протест на судската администрација во сите судови низ државата, рече дека гласноста во рамки на судството треба да ја слушнеме за ваквите случаи кои ги поткопуваат темелите на судството и на целокупниот правен систем.

„Не може да слушаме гласност за тоа како тие ќе си ги делат парите внатре, туку самите треба да бидат свесни за сопствената одговорност. Дали станува збор за судија, кој го пуштил, не го пуштила Управата или кој било од Министерството надвор, го пушта судија во судска постапка”, рече таа.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламетарните избори. Казната затвор јму беше во прекин од лани поради здравствени проблеми.Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово" на 18 октомври. Спасов од почетокот на месецот се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него МВР распиша меѓународна потерница по него. 

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе