Јавно обвинителство

Денеска во ЈО за случајот „Рекет“ исказ ќе даде обвинителката Лиле Стефанова

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, денеска во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да даде исказ за случајот „Рекет“. Инаку, Стефанова го воси случајот „Империја“ на СЈО во кој бизнисменот Орце Камчев е еден од првоосомничените.

Стефанова и нејзината шефица во СЈО Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Од СЈО вчера информираа дека Катица Јанева нема добиено покана за распит од обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески минатата недела изјави дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

Обвинителката Лиле Стефанова по објавувањето на видеото во кое беше спомната од бизнисменот Јордан Камчев кој е обвинет во „Империја“, во пишана изјава до медиумите ги негира неговите тврдења, оценувајќи ги како обид да ја дискредитира како обвинител.

„Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител, кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски“, изјави Стефанова и додаде дека е подготвена да соработува со Обвинителствово за организиран криминал за комплетно да се расчисти целиот случај „Рекет“.

Од аудио снимката се слуша како Камчев на Бојан Јовановски - Боки 13, му вели дека му се јавил бизнисменот Чифлиганец и барал деловен простор за стоматолошка ординација за обвинителката Стефанова.

Вчера во Јавното обвинителство исказ за случајот „Рекет“ даде обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство. Таа е потписник на позитивното мислење за враќање на пасошот на осoмничениот во „Империја“, Орце Камчев. Јосифовска тврди дека одлуката била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да го потпише документот бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе