Собрание

Денеска Владата ќе ги каже деталите за планот Б за СЈО

Министерството за правда засега не открива повеќе детали за таканаречениот план Б за Специјалното јавно обвинителство, со измени на закони кои се носат со просто мнозинство, доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за измени на Законот за јавното обвинителство.

Одговорот за тоа како може СЈО да продолжи да работи или пак нивните предмети да бидат преземени од Јавното обвинителство, од Министерство за правда го најавија за денеска.

„Утре ќе се дефинираат работите појасно, кога ќе почне седницата на Комисијата за европски прашања“, изјавија вчера од Министерство за правда.

На намерата на власта, со измени на Законот за советот за јавни обвинители да се обезбеди избор на в.д. шеф на СЈО или пак да се префрлат предметите во редовното обвинителство, реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Во интервју за „Фактор“ тој вели дека не може со измени на закони кои се носат со просто мнозинство, да се дерогираат системски закони, како што е тој за СЈО.

„Тоа би било лош преседан кој би се повторувал на секое менување на власта што ќе има далекусежни политички последици со копирање на преседанот, но и Македонија ќе биде забележана како држава во која доминира правната несигурност“, изјави Антонио Милошоски.

Синоќа министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук-профил го напиша следново: „Бидејќи очигледно мојата изјава за планот Б внесе забуна во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, еве една постојна одредба од нашето позитивно право, која веќе еднаш се примени во пракса и никој тоа не го оспори: 'Ако на јавниот обвинител на Република Македонија му престанала функцијата или е разрешен, Советот со одлука ќе определи јавен обвинител од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонииа, кој ќе ја врши функцијата до именување на јавен обвинител на Република Македонија.

Оваа одлука се донесува со јавно гласање, доколку за неа гласаат мнозинството од вкупниот број на членови на Советот'“.

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија Артан Груби за денеска закажа седница на кoja ќе се разговара за двата клучни закони, предлогот на закон за јавното обвинителство и предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе