Кривичен суд

Денеска продолжува судењето за случајот „ТНТ“ на СЈО

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „ТНТ" на Специјалното јавно обвинителство.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе