Кривичен суд

Денеска продолжува судењето за „Монструм”, презентација на сведоци

Со презентација на сведоци од обвинителство денеска во Кривичниот суд Скопје продолжува судскиот процес за случајот „Монструм”.

На последното рочиште исказ даде началник на одделението за увид на место на настан при Министерството за внатрешни работи. Неговото сведочење траеше кратко и беше поврзано со претходен исказ на сведок по однос на пронаоѓањето на автомобилот „опел омега” за кое во обвинението се вели дека е користено од страна на обвинитетите кои го извршиле убиството на 12 април кај Смилковско Езеро.

Во оваа прилика сведокот прецизираше дека само слушнал од негов старешина дека е пронајдено возило во местото Враживир, но оти никогаш не го видел.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе