Кривичен суд

Денеска пресуда за 17 обвинети за случајот „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска 17 обвинети ќе ја слушнат пресудата на судечкиот совет што го води судијката Добрила Кацарска за предметот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Обвинети во предметот останаа: Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Чентo, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски Кољо и Александар Василевски – Нинџа.

Тие се обвинети за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Пред два дена Чавков беше притворен поради „оперативни сознанија на полицијата“ дека се подготвува да избега во вила на Халкидики, Грција.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе