Кривичен суд

Денеска ново рочиште за „Таргет-Тврдина“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Таргет – Тврдина" на СЈО што го презема во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Македонија.

На миниатото судење во вкрстено испрашување сведокот Зоран Верушевски рече дека бегалците Никола Груевски, Горан Грујовски и Никола Бошковски поседуваат многу пообемна документација од онаа што лидерот на СДСМ Зоран Заев ја предаде во Специјалното јавно обвинителство. Ексразузнавачот потенцираше дека мандатот на СЈО од тоа време до денес е со цел да се урне митот дека таа документација е сечена и лепена.

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.


Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе