Кривичен суд

Денеска ново рочиште за „Рекет”, Боки 13 за сведок го предложил Владимир Тодоровиќ

Поранешниот градоначалник на општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ е денешниот сведок предложен од одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, кој треба да сведочи во судскиот предмет „Рекет”.

На последното рочиште свое сведочење имаше адвокатот Васил Димишков, брат на судијката од претходна постапка Весна Димишкова, што му одреди мерка притвор на Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.

Во своето излагање сведокот Димишков истакна дека Зоран Милевски и Ана Камчева побарале од него да се приклучи во тимот адвокати во одбрана на Јордан Камчев. Но, по неколку дена откога размислил дека може да биде злоупотребен во понатамошната судска постапка, имајќи ја предвид позиција на неговата сестра, тој на Милевски и Камчева им побарал поголема сума за адвокатска награда, „со намера да ги откачи“.

Судскиот предмет за случајот „Рекет” e во фаза на презентација на вербални докази од страна на одбраната. 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе