Кривичен суд

Денеска ново рочиште за „Рекет”

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот предмет „Рекет”, кој е во фаза на дополнување на доказната постапка, односно одбраната на обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе презентира материјални докази.

По оваа фаза следуваат завршните зборови.

Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци.

Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На истиот пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За случајот „Рекет”, Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе