Кривичен суд

Денеска нови рочишта за „Тортура“ и за убиството на Никола Саздовски

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Тортура" на Специјалното јавно обвинителство за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Денеска ќе се одржи ново рочиште и обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски.

На 7 февруари беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица. Реконструкцијата траеше речиси три часа на автобуската постројка во Автокоманда под големо полициско обезбедување.

Со статисти и кукла беше направена претстава за вистинскиот тек на настаните по кажување на сведоците и обвинетите Бесим Беља и Скендер Демири, а по она што можеше да се забележи од далечина од каде што беа поставени новинарските екипи и по однос на движењето на статистите се виде дека целиот настан се одвивал во близина на кутија на ЕВН до автобуската постојка на булеварот „Александар Македонски“.

Адвокатот на оштетените Ванчо Шехтански рече дека приказната на одбраната за некаква „фантомска“ метална кутија паднала во вода.

„Не постои метална кутија, таа е пластицифирана кутија и не може да предизвика никакви последици, меѓутоа и од исказите на сведоците јасно се виде, како и од исказот на вештакот дека последиците се од удари кои траеле од минута до минута ипол“, истакна Шехтански.

Според адвокатот на обвинетите Насер Рауфи, од реконструкцијата се видело дека починатиот Никола го изгубил животот поради тоа што удрил во кутијата на ЕВН.

Во однос на изјавата на адвокатот на оштетениот за немањето можност да настане смртна последица од пластична кутија, Рауфи рече дека тие како одбрана ќе повикаат лица од ЕВН кое ќе објасни дека таа е метална кутија, но опшиена со пластика.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе