Kривичен суд

Денеска нови рочишта за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжат судењата за случаите „Таргет-Тврдина“, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“.

На последното рочиште за „Таргет-Трврдина“ на 14 септември искази дадоа неколку сведоци. При овие сведочења суд беше запознат со околностите за поддршката од надвор во системите за следење на комуникации, односно за формирање на Комисијата за поништење на опрема на УБК. Во дел од рочиштето јавноста беше исклучена заради работната позиција на еден од сведоците.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви.

Судскиот процес го води судијката Џенета Бегтовиќ. Обвинението е застапено од обвинителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро. 

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.

Случајот го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Екс премиерот Груевски е во бегство во Будимпешта, а Мијалков и Камчев се во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде издржуваат мерка притвор. Останатите обвинети, пак, се со полесни мерки на претпазливост.

 

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе