Кривичен суд

Денеска на судењето за „27 април“ пак ќе сведочи Оливер Спасовски

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска треба да сведочи во новото рочиште за предметот „организатори на 27 април’’, каде обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

За овој настан, но во друг кривичен предмет за „27 април“, Спасовски сведочеше и во 2018 година кога ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи. Тој тогаш пред Кривичниот суд во Скопје, изјави дека по влегување на толпата во Собранието, се чуствувал беспомошен, исплашен за сопствениот живот, разочаран и згрозен од постапките на некои со кои секојдневно се гледале и соработувале.

Освен Спасовски, како сведок на Обвинителството на денешното рочиште за „организаторите на 27 април” е најавен и Антонио Кочков, учесник во протестите на „За заедничка Македонија”. Исто така и овој сведок претходно има сведочено за насилставата во Собранието на 27 април, но во предметот каде оштетен беше претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Минатото рочиште за овој предмет свои искази пред Судот дадоа сведоците Михаил Младеновски (обвинет, а потоа амнестиран за „27 април“) и Сашко Коцевкси, референт за системот и гласање во Собранието

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе