Kривичен суд

Денеска на рочиштето за „Таргет Тврдина“ треба да сведочи премиерот Заев

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина" на кое, како што е најавено, треба да сведочи премиерот Зоран Заев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Беговиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.

За случајот досега сведочеа Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе