Jaвно обвинителство

Денеска Јанева ќе изврши увид во доказите против неа во случајот „Рекет“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска треба да изврши увид во доказите против неа во случајот „Рекет“ во кој таа е третоосомничена.

Таа во вторникот беше на распит во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но не дала исказ за „Рекет“.

Јанева пред обвинителите кажала дека ќе даде исказ за овој случај откако лично ќе изврши увид во доказите.

„Сметам дека е прекршено правото со тоа што не ѝ е овозможено да даде исказ пред завршување на истрагата“, истакна нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

Вчера првоосомничениот во овој случај Бојан Јовановски-Боки 13 четири часа вршеше увид во доказите за овој случај.

Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава,  против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скоје, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот од завчера е префрлен во домашен притвор.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе