Денеска Милески-Кичеец, утре Јанева на распит во обвинителство за случајот „Рекет“

Второосомничениот во случајот „Рекет" Зоран Милески - Кичеец денеска бил на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Тој утрово од затворот Шутка бил пренесен во обвинителлството. Бојан Јовановски, првоосомничениот за овој случај сѐ уште не добил покана за распит.

Утре на распит кај обвинителката Вилма Рускоска треба да се појави Катица Јанева, шефицата на СЈО, која, според снимките објавени за овој случај, се претппставува дека е сериозно замешана во рекетирањето на Јовановски.

Во обвинителството денеска на распит била и пензионерката Лилјана Тодоровска, која е потписничка на проектот за европски центар за Меѓународниот Сојуз на Боки13. На нејзина сметка леглале 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз и компанијата на Сиљан Мицковски ГП „Пелистер“. Тодоровска тврдеше дека парите ѝ биле веднаш подигнати од сметката од раководни лица на НВО Меѓународен сојуз.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе