Кривичен суд

Денеска Мицкоски ќе сведочи за „27 април“, на минатото рочиште вештаците го побија сведочењето на Нинџа

Судењето за обвинетите за организирањето на настаните од 27 април 2017 година продолжува денеска, а како сведок треба да се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На претходдно рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, кој од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини, како и Владимир Неловски, кој бил лидер на Унија на млади сили и член на Извршен комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

На минатото рочиште, од извештајот на вештак за мобилните телефони на еден од обвинетите Александар Василевски-Нинџа, произлезе дека тој не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврдеше, пред да се случат настаните на 27 април 2017. Ова е заклучокот на вештото лице, проф. д-р Мирослав Котевски после анализата на базните станици, односно движењето на Александар Василевски-Нинџа анализирано преку неговите два мобилни телефони.

Ова вештачење го негира сведочењето на Нинџа кое беше основа на пресудата за претходниот случај во кој 16 луѓе се осудени на 211 години затвор.

Од сите досегашни сведочење произлегува дека Василевски досега кажал четири различни верзии за случувањата на 27 април.

Обвинителката Рускоска по претходното рочиште изјави дека Нинџа не бил забележан на базната станица кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти вештакот, бидејќи „ги исклучил двата телефони, едниот во 16 часот, а вториот во 18 часот, а ги вклучил двата телефони по 22 часот“.

Од извештајот на вештакот произлегува дека од листингот на телефоните на Нинџа се гледа дека тој имал разговори и по 16 и 18 часот. Имало бројни записи за негови активности на истите телефони, кои активности се регистрирани на различни базни станици во Скопје, но овие податоци не покажуваат негово присуство во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е спротивно на неговото сведочење дека тој во тој период бил во штабот.

Богатото полициско досие на Василевски покажува дека лесно поминувал со пресудите за делата за кои бил обвинет, а најчесто со контроверзни и нелогични сведочења.

Александар Василевски – Нинџа за 27 април доби минимална казна.

Фото: Архива

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе