Денеска и самоизолацијата на Јанакиески може да го одложи рочиштето за „27 април“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетите Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски, кои беа во самоизолација, поради коронавирусот. Неизвесно е и денешното продолжение бидејќи во самоизолација е уште еден од обвинетите, Миле Јанкиески.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе