Обвинителство за гонење на организиран криминал

Денеска и Фросина Ременски на распит кај Русковска за „Рекет“

Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска за случајот „Рекет" исказ треба да даде и пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски во врска со случајот „Рекет".

Ременски е почесна претседателка на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Оваа организација во случајот „Рекет“ се споменува како дел од шемата за изнудување на пари од бизнисмени.

Пред Ременски, во Обвинителството за гонење на организиран криминал искази дадоа и  водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Мицевски, сопственикот на ГП „Пелистер“ вчера изјави дека 720 илјади евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Тој рече дека него никој не го рекетирал и дека ќе бара парите да му бидат вратени.

Амзоски од „Дрим билдинг“ на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

До сега во случајот „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе