Јавно обвинителство

Денеска Боки 13 ќе дава исказ пред Русковска

Бојан Јовановски-Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“ денеска за првпат ќе даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Во овој случај осомничени се и Зоран Милевски - Кичеец, кој веќе даде исказ и од 24 септември е во домашен притвор, и Катица Јанева која се очекува неделава да даде исказ.

Минатата недела Апелацискиот суд не го прифати барањето на Јовановски за прекин на притворот затоа што истрагата е завршена и неговата здравствена состојба е лоша. Судот оцени дека тој сè уште е во опасност да избега и да го повтори кривичното дело за кое е осомничен.

Истрагата за овој случај е веќе завршена.

Апелацискиот суд не го прифати и барањето на Јанева за домашен притвор заради ризик од бегство.

Тројцата осомничени, според истрагата, изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да добие подобар третман во истрагата за аферата „Империја“ од Специјалното јавно обвинителство. На чело на СЈО четири години беше Катица Јанева.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција истрагата за овој случај ја почна на 5 јули, по што најпрво Јовановски и Милевски беа уапсени и приведени. Јанева беше задржана во притворскиот центар во Скопје во Шуто Оризари на 21 август.

 

  

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе