Денеска Апелацискиот суд ќе ги разгледува жалбите на осудените за „Диво Насеље“

Денеска и утре Апелацискиот суд Скопје ќе ги разгледува жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво Насеље. Според пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 2 ноември 2017 година за терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година осудени беа 33 лица. За време на тие настани беа убиени 8 припадници на македонските безбедносни сили, 10 членови на вооружената група и 30 лица беа ранети.

По жалбите на 33-та осудени денеска и утре ќе заседава второстепениот суд. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите.

На годишнината од овој настан, пред 7 дена стотина лица излегоа на улица и со транспаренти на УЧК и на Голема Албанија бараа ослободителни пресуди за овие лица.

СДСМ и ДУИ, откако дојдоа на власт, најавија дека за овој случај ќе побараат помош и од меѓународни експерти, но досега нема ништо од тоа.

Катица Јанева од Специјалното јавно обвинителство неодамна изјави дека не пронашле „бомби“ за овој предмет. „Има индиции во делот на тоа што и како се случувале кумановските настани, но сепак СЈО нема најдено разговори за да може да воспостави надлежност врз тој предмет. Се работи предистрага, но ќе биде многу тешко да се каже дали воопшто ќе се преземе тој предмет“, рече Јанева.

По одржаните јавни седници Апелацискиот суд во најкус можен рок треба да донесе одлука по поднесените жалби. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе