По „Трезор“, „Таргет-Тврдина“ и „Титаник 2“

Денес Сашо Мијалков ќе ја чуе четвртата пресуда, овој пат за „Тортура“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денес е закажано изрекувањето на пресудата за случајот „Тортура“ во кој им се суди на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешните „Алфи". Предметото е за начинот на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година. 

Обвинетите во овој случај се гонат за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе. 

Денешната пресуда ќе биде четврта по ред за Мијалков. Тој претходно беше осуден за случајот „Таргет-Тврдина" каде доби 12 години затвор, а за  „Трезор" му беше изречена затворска казна од 8 години.

Двете пресуди не се правосилни односно се во жалбени постапки пред Апелацискиот суд во Скопје.

Мијалков, заедно со Мендух Тачи и тројца поранешни членови на ДИК, е обвинет и во случајот „Титаник 2", каде во 2019 од Основниот кривичен суд беше осуден на 3 години затвор. Оваа пресуда беше укината од второстепениот суд и случајот се врати на повторно судење. 

Ексдиректорот на УБК е осомничен и во „Империја" и „Плацови на Водно" . 

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе