Фалат возила

Дефект на единственото комби во затворот во Штип ги остави осудениците без спровод до Скопје

Се расипа единственото комбе со кое се вршеше спровод на осудени лица од затворот во Штип до Основниот суд во Скопје. Директорот на затворот, Мики Тодоров во изјава за МКД.мк вели дека возилото е на поправка, а за тоа дека нема да се врши спровод на осудени лица вчера беше известен и Кривичниот суд во Скопје.

„Ова возило е на поправка и веднаш штом ќе биде готово, ќе го известиме Судот и непречено ќе се врши спровод на осудните лица. Имаме уште едно функционално возило, но со него само се врши спровод на осудени лица во Штип“, вели директорот Тодоров. 

Додека да се поправат бош пумпата и дизните на комбето марка мерцедес, штипскиот затвор останува со автомобил ситроен, кој се користи само за блиски релации, односно за во градот. 

Во моментов во затворот во Штип има 242 осудени лица, а капацитетот на е 210 лица. 

За оваа бројка потребни се најмалку 3 функционални возила, вели директорот Тодоров, за да може непречено да се одвива спровод на затворениците кои овде одлежуваат казни од 3 до 20 години затвор. 

К.Д.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе