Давидовски, осомничениот за настаните на 27 април, по меѓународна потерница фатен во Шведска

Дејан Давидовски (39), по кого беше распишана меѓународна потерница откако како осомничен за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година не беше достапен за македонските органи, уапсен е во Шведска, на аеродромот Скаваста во Стокхолм.

Од обвинителството велат дека веќе се подготвува документацијата за екстрадицијата на Давидовски.

Тој поседувал бугарски пасош, а во Стокхолм слетал со лет од Софија.

Обвинителството најавува обвинение откако Давидовски ќе стане достапен на македонските органи. Тој е еден од групата која со маски на лицата влегле во зградата на Собранието.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе