Давидовиќ: Партиски структури на 27 април ја презеле командата од МВР

Ланецот на командување на 27 април минатата година од полициските се префрлил на партиските структури и од полициски станал партиско-полициски, рече денес адвокатот Sвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

„Партиски структури на 27 април ја презеле командата од МВР заради заштита на некои свои интереси и некои свои политички права. МВР останало обезглавено и наместо полициски структури, командувањето на МВР се префрлило на партискиот врв”, изјави Давидовиќ на паузата од денешното рочиште.

На прашањето дали може да му се верува на обвинетиот Нинџа или можеби тој дава таков исказ за да издејствува укинување на притворот, Давидовиќ потенцира дека Нинџа е меѓу ретките обвинети кои останаа во притвор иако, како што кажа, понудиле гаранција од 800.000 евра.

„Мојот клиент е сѐ уште во притвор за разлика од сите други со понудена гаранција повисока од 800.000 евра. На 14 јуни 2018 година го даде истиот исказ пред обвинителството. Не постои овде пазар, туку приказната е иста”, рече Давидовиќ.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе