УЈП

Даночните инспектори ќе ги проверуваат сметките на 1ТВ, Меѓународен сојуз и БМЈ

Управата за јавни приходи ќе ги проверува сметките на фирмите поврзани со Бојан Јовановски - Боки 13, а тоа се БМЈ медиа груп, невладината организација Меѓународен сојуз и 1 ТВ. Ќе се проверува финансискиот прилив и одливот на средства во овие фирми.

„Ние ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците. До петок би требало да ги дадеме налозите за отворање за почнување на конторлата во Меѓународен сојуз, во 1 ТВ и во БМЈ медиа груп, како и во сите оние останати даночни обврзници за кои преку анализата сме утврдиле дека постоеле одреден вид на деловни односи. Исто така ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за што ќе ги утврдиме исплатите што се направени“, изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе