Министерство за правда

Да се одложат судењата кои не се итни или не застаруваат

Судскиот совет и Врховниот суд да ја разгледаат можноста за носење на одлука за одложување на судењата, но со неколку исклучоци, препорача Владата на синоќешната седница.

„Исклучок би биле предметите кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети во кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуда, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и слично“, соопшти Министерството за правда.

За предметите за кои би продолжиле судските постапки, како и за сите други активности на судовите, додаваат оттаму, треба да бидат организирани во соодветен простор, со максимална употреба на информатичко-комуникациските средства и со доследно почитување на упатствата на Министерството за здравство за дезинфекција на просториите и заштита на сите вработени и учесниците во постапките.

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе