Сведок во „Тврдина 2“

Црни вреќи полни со хартија од третата зграда во МВР биле запалени во „Брест“

Црни вреќи полни со хартија и регистри од третата зграда во МВР биле запалени на локацијата „Брест“ која се наоѓа на аеродромот Скопје во воениот дел. Ова денеска на рочиштето за „Тврдина 2" на СЈО го истакна сведокот Мирче Мицевски, вработен во МВР, кој по наредба на неговиот претпоставен Никола Бошковски, со уште еден колега наполнил цело комбе рено трафик со материјали од подрумот на оперативна техника во МВР.

„Во базата Брест не пречека Ванчо Цветановски кој веќе имаше обезбедено место за палење, оградено со камења, а имаше и ПП апарати“, рече Мицевски и додаде дека со нив биле и три жени од „Комисијата" Александра, Маја и Вале.

На прашање на бранителот на Грујевски, адвокатот Петар Василевски, сведокот рече дека не знае што е содржината на тоа што е запалено, но дека е сигурен дека биле хартија и регистри.

Во „Тврдина 2" првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, како и шест вработени во УБК.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2" им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзани со незаконското прислушување.

Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе