Полицијата три пати не го нашла на посочената адреса

Чулев потврди: Распишана е потерница за Владимир Панчевски

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес-конференција потврди дека поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница. Полициските службеници три пати не го нашле Панчевски на адресата која била оставена на решението за приведување, па сега надлежните проверуваат дали тој ја напуштил државава.

„Распишана е потерница по Владимир Панчевски, а се проверува дали ја напуштил државата. Полициските службеници во три наврати не го најдоа на посочената адреса“, рече Чулев на прашањето за поранешниот претеседател на Основниот кривичен суд, Панчевски. 

Како што вчера објавивме, Министерството за внатрешни работи испрати известување до СВР Велесдека треба да го известат Основниот суд Велес за распишување на потерница по поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, Владимир Панчевски.

Од МВР вчера ни одговорија дека постапувајќи по судска наредба на 10 јули, 2020 година не го пронајде на наведената адреса која е напишана во наредбата, по што е испратено известување за распишување на потерница за Панчевски.

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС", во кој е обвинет.

Оваа вест пред неколку дена ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење", од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС".

Судењето за овој предмет за злоупотреба на „АКМИС" системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе