Поднесено обвинение за полов напад врз дете

Чичко од зад грб и затворил уста на 13-годишна внука и ја допирал по телото, девојчето го удрило со стап и побегнало

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишник од Прилеп за кривично дело, полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Оштетената е девојче на возраст од 13 години, а биле нападната и допирана од нејзиниот чичко. Успеала да се спаси и да побегне откако го удрила со стап. 

„Обвинетиот на 20 август лани во Градско извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години. Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Тој видел дека девојчето се упатило кон дома и незабележано тргнал по него. Кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко, обвинетиот од зад грб со една рака и ја затворил устата и почнал да ја влече. Потоа ја свртел кон себе и додека со едната рака и ја држел устата затворена, со другата рака ја допирал по телото. Потоа и ја ослободил устата, обидувајќи се да ја бакне, но, оштетената тоа не му го дозволила и се обидела да повика помош. Туркајќи го, оштетената успеала да земе дрвен стап и го удрила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител оценил дека сè уште постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, па до судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе