Чичаковски и сопругата на специјалниот обвинител Ајро станаа управни судии

За судија во Управниот суд денеска беше избран поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, кој беше разрешен поради аферата со бонусите што си го подели ДИК. 

Чичаковски беше избран од 31 кандидат, а а него гласале 11 членови на Судскиот совет, при што дел од нив рекле дека Чичаковски ,,покажал квалитети кога претседавал со ДИК“ и очекуваат тој одговорно да ја извршува и новата функција.

Денешниот избор беше последен по стариот закон, бидејќи по новиот сега и за во овој суд кандидатите ќе мора да доаѓаат од Академијата на судии и јавни обвинители.

На денешната седница не беа избрани шесте апелациски судии, поради некоординација на членовите на Судскиот совет. Точката е одложена на неодредено време.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе