Четворицата осомничени од УБК се на распит, се чека одлука од Судот за притвор

Четирите лица кои како вработени во УБК од 2007 до 2017 година го оштетиле државниот буџет и за кои попладнево Јавното обвинителство соопшти дека е побаран притвор, во моментов се наоѓаат пред судија на претходна постапка, потврдуваат од ЈОРМ.

Се чека одлуката на Судот дали лицата ќе бидат притоврени, за што јавноста, како што нагласија од ЈОРМ, дополнително ќе биде известена.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска издаде Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица осомничени дека како вработени во УБК ја злоупотребиле својата службена положба и го оштетиле државниот буџет за 50.670.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје1 – Скопје, достави предлог за мерка – притвор за осомничените.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе