Пресуда по признанието на вина

Четири затворски и една условна казна во случајот „Двојник“

Една условна и четири затворски казни добија петтемина обвинети што признаа вина во случајот „Двојник“. Овој случај беше отворен за издавање на 215 пасоши од МВР на странци кои се бараат со меѓународни потерници. Од нив, четворица се вработени во МВР и судот ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувања, а другиот првостепено осуден е посредникот Раиф Мифатари, кој се товари за поттикнување.

Мифтари доби 2 години и 3 месеци затвор, додека останатите затворски казни за тројца од вработените во МВР се во висина од: 2 години и 7 месеци, 2 години и 3 месеци, 2 години. Условната казна е за еден вработен во МВР и таа изнесува 6 месеци затвор, кои нема да се извршат ако во рок од 2 години тој не направи ново кривично дело.

Максималната затворска казна што им се закануваше беше 3 години затвор.

Покрај казните, вработените во МВР добија и забрана за вршење на професијата во наредните 10 години.

Обвинителниот предлог за овој случај беше поднесен на 14 април. Како што тогаш соопштија од ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година.

Им биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе