При претрес по налог на Обвинителството

Четири пиштоли најдени во стан на експремиерот Никола Груевски

При вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, пронајдено е и одземно оружје, објавија дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори во Обвинителството. Редакцијата на МКД.мк побара одговор, но за сега нема одговор, ниту официјални информации за ова од Обвинителството. Според она што е објавено во дел од медиумите, станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага. 

Шефицата на јавното обвинителство Вилма Русковска, вчера рече дека полицијата и Обвинителството извршија претрес во објектите за кои дополнително се обезбедени материјални и вербални докази дека се сопственост на Никола Груевски.

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера се вршеле претреси во повеќе објекти.

Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно".

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе