Ченто: Судот ме осуди, но историјата ќе ме ослободи

Обвинетиот Јане Ченто пред судот рече дека судот го осудил, но историјата ќе го ослободи и додаде дека сонцето на слободата еден ден ќе изгрее.

„Се прашував дали да барам да се бранам од слобода или од куќен притвор, со оглед дека бев вратен во притвор од полицаец, за потоа да се утврди дека полицаецот лажел. Поради ова нема да барам да се бранам од притвор да не му текне пак на некој со лажна службена белешка да ме враќа назад.

Не се плашам од затвор. Вие не осудивте, ама историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее и сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, рече обвинетиот Јане Ченто кој доби 15 години затвор.

„Да живее Република Македонија“, извикаа и обвинетите во знак на  поддршка на Ченто.

К.Д.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе