Завршен збор на обвинителката Рускоска

Ченто го газел Села и бил убеден дека е мртов, откри Рускоска повикувајќи се на С1

И доказите за обвинетиот Јане Ченто беа дел од вчерашните завршни зборови на обвинителката Вилма Рускоска. Обвинителката Рускоска се повика на исказот на загрозениот сведок С1, и за овој обвинет и пред судот рече дека Ченто му се фалел на обвинетиот Александар Василевски Нинџа како до смрт го газел пратеникот Зијадин Села. Поради фактот што бил убеден дека Села е мртов, рече Рускоска, Ченто бил расположен и среќен. 

„ Заштитениот сведок С1 во својата изјава меѓу другото наведува дека на 27 април, 2017 година Јане Чанто бил во постојана комуникација со Александар Василевски Нинџа на Вибер. И наведува дека го има слушнато Јане дека го удрил по пат кога тргнал кон Села, и лично му кажал како до смрт го газел Зијадин Села. Кога излегол од Собранието бил убеден дека Села е мртво и бил видно среќен и расположен поради тоа. Наведува, исто така дека Јане Ченто бил постојано во комуникација со Митко Чавков од кого добил насоки во случај на влез во Собрание, да се онеспособат камерите и каде може да се наоѓаат пратениците кои се цел на нападот“, рече обвинителката Рускоска цитирајќи дел од исказот на заштитениот сведок. 

Обвинителката Рускоска дополни дека како дел од доказите се и снимки од мобилни телефони каде обвинетиот Јане Ченто се приближува напред кон пратениците и со прст покажува упатува закани кон истите, а потоа се гледа како со нога го удира во стомак Зоран Заев, по што тој се наведнува и двете раце ги става на стомакот. 

„Од вештачењето на мобилен телефон одземен од обвинетиот Оливер Поповски можеше да се види како обвинетиот Ченто со црвен чадор го удира по глава пратеникот Зијадин Села, додека истиот се уште се наоѓа заедно со другите пратеници“, заврши Рускоска презентирајќи ги доказите за обвинетиот Јане Ченто. 

Овој обвинет деновиве се споменуваше во јавноста и за наводен инцидент во Истражниот затвор во Шутка, каде, според Управата на затворот му бил најден мобилен телефон, па Ченто предизвикал инцидент. 

Тој денес испратил писмо до Управата на затворот во кое се извинил за инцидентот и побарал да биде вратен во собата во која претходно се наоѓал. Обвинетиот Јане Ченто е еден од оние обвинети кои јавно во судница се откажа од правото да бара амнестија, а во моментов се наоѓа во притвор. 

 

К.Д.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе