. Чавков се оградуваше од прашањата на СЈО упатувајќи го обвинителот на СЈО на адреса на јавниот обвинител кој во тој период ја водел постапката.
„ Како началник за организиран криминал наметнав практика, секое дејство што го презема одделот, секоја информација и за секое развивање на информацијата за одредено кривично дело, да се приклучи претставник од Обвинителството за организиран криминал. Не се сеќавам дали сум учествувал во апсењето на Бошкоски, ама тврдам дека во секој случај документирано е сè. Се сеќавам дека имаше посебни истражни мерки за Љубе, ама релацијата беше истражен тим – јавен обвинител кој раководеше со истрагата. Немав ниту намера, ниту овластување да се мешам", одговори Чавков.
На прашање на обвинителот Лапе, кој го снимал апсењето на Бошкоски, дали БЈБ или УБК, Чавков одговори дека не може да се сети.
„Не можам да се сетам, одамна беше. За овие детали може да знае обвинителот, документирање имаше за се, а во неколку наврати се работеше и за незаконско финансирање, а не знам дали БЈБ или УБК го прави тоа документирање. Понекогаш има и координација, но не можам да се сетам на тие детали. Не знам кој го снимал ова апсење, бидејќи во тој период имаше многу случаи на организиран криминал", одговори Чавков во својство на сведок.
Поранешниот шеф на БЈБ, Чавков беше прашан и дали тој издал наредба да се уапси Бошкоски, на што одговори дека не се сеќавал.
Прашање доби и дали ми се јавил на Ивица Анчевски-Пуки за да го лиши од слобода Бошкоски, но повторно рече дека не се сеќава и дополни дека организациски не е поврзан со него.
„Не можам да се сетам на такви детали, но тој период се поклопува со периодот за кој имам лекарска документација за интервенција во Систина. Ме прашувате за детали од пред 9 години", одговори Чавков.
Во „Тортура", поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на алфите се обвинети за нечовечно постапување и омаловажување при апсењето на Љубе Бошкоски во тогашна истрага за незаконско финансирање на изборна кампања.
Чавков денес беше спроведен до судот од Истражниот затвор во Шутка каде ја чека правосилноста на пресудата за 27 април за што беше првостепено осуден на затвор од 18 години.
К.Д.