„Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и им се закануваа дека доколку не гласаат за партијата на власт социјалната помош ќе им биде прекината. Шумската полиција правеше притисок на луѓето кои имаа договори за сеча дека доколку не гласат за ВМРО-ДПМНЕ, договорите за сеча ќе им бидат укинати“, изјави сведокот Заев.
Тој кажа и дека сите нивни реакции се достапни на интернет, како и дека УЈП, Пазарна инспекција, Финансиска полиција и други вршеле притисок врз правните субјекти за да докажат дека гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Заев, исто така рече дека за сите овие забелешки на опозицијата го информирал тогашниот претседател на владата Никола Груевски, кој инаку е и обвинет „Титаник”, но тој ниту јавно не реагирал.
На прашање на бранител на одбраната дали ги пријавиле наведените случаи, Заев одговори дека околу 150 пријави во тоа време ги доставиле до надлежните институции (ДИК, обвинителства, министерства), но според него никој ниту постапил, ниту реагирал по однос на тие пријави.
Судењето за предметот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, а обвинението го застапува Лиле Стефанова.